28 години братско живеење

Пред дваесет и осум години, на 7 март во 1998 година на свечената Академија одржана во Големата сала на Општина Велес, а по повод 45 годишнината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се изврши збратимувањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република Србија. Во времето кога на овие простори дејствуваа деструктивни состојби ...

Повеќе »

Промоција на прирачникот “Ориентација во природа“ од м-р Ангелче Гушев

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес остварувајќи ја својата програма за работа за 2026 година, а во рамките на прославата по повод светскиот ден на извидниците 22 февруари, организираче промоцијата на прирачникот “Ориентација во природа“ од м-р Ангелче Гушев. Промоцијата  се одржа на 25.2.2026 год. (среда) во  медиотеката при локалната библиотека “Гоце Делчев“ во Велес. Ова беше последната планира активност ...

Повеќе »

Претставување на Голди радио по повод Светскиот ден на извидништвото – 22 февруари

По повод Светскиот ден на извидништвото на локалното Голди радио во Велес, старешината и началникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев и Иван Гушев на 25.2.2026 год. (среда) беа гости во дневната програма. Во рамките на 40 минутниот разговор беше разговарано на следните теми: – Вардарска регата Гемиџии 2026 Велес – Солун– Активности организари со други ...

Повеќе »

Направи добро дело за заедницата

Во рамките на прославата по повод 22 февруари – Светскиот ден на извидниците, а во рамките на кампањата “Направи добро дело“ поттикната од страна на Сојуз на извидници на Македонија, на 21.2.2026 год. (сабота) членовите на извиднички одред “Димитар ВЛахов“ – Велес го исполнија предизвикот за оваа седмица “Направи добро дело за околината“. Всушност нашите членови работеа на уредување на ...

Повеќе »

Отворен ден за граѓаните за претставување на работата на велешкиот одред

Во рамките на крводарителската акција на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес која се одржа на 15.2.2026 год. (недела) во рамките на прославата по повод 22 февруари – Светскиот ден на извидниците, пред  зградата на велешки театар “Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“, советот на водачи на одредот организираше и отворен ден. На оваа активност пред граѓаните на Велес се претстави работата ...

Повеќе »