На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата “Гемиџии“, м-р Ангелче Гушев.
Во рамките на ова гостување м-р Ангелче Гушев координатор на Вардатрската регата “Гемиџии“ во целост ја престави организацијата и реализацијата на единствената регата во Македонија, историското значење на пловењето од Велес до Солун и негувањето на ликот и делот на велешките Гемиџии.
Тој даде и значаен акцент на грижата за еколошката состојба на реката Вардар и вклучувањето на голем број на туристи кои доаѓаат како учесници преку Балканската рафтинг федерација каде што членува и Вардарската регата.
Беше истакната и големата подршшка од страна на Градоначалникот на Велес, г-дин Марко Колев и Советот на Општина Велес кој дава делегирана надлежност за организација и реализација на оваа регата и големиот број на општесвено одговорни компании од Македониа кој помагаат за да оваа регата стане туристички бренд на Република Македонија.
Во рамките на утринската програмата координаторот на Вардарската регата “Гемиџии“ на редакцијата на утринската програма и ТВ Канал 5 им додели Благодарница за поддршка при реализацијата на XXVI Вардарска регата Гемиџии 2026.





