Продолжение на обуката на тренерите за управување со животната средина

На 17.10.2026 год. (сабота) на Шар планина беше организиран вториот дел од тренингот за тренери. На овој настан присуствуваше Анастасија Давчева ИО“Димитар Влахов”-Велес. Исто така овој настан беше организиран заедно во соработка на ОБСЕ.Во текот на работилниците беа спроведени забавни но и корисни активности.

Учесниците беа поделени во неколку тимови и имаа за задача да размислуваат и истражуваат за “Кој се засегнати страни” за различни теми и потоа тие своите пронајдени информации ги презентираа. Сесиите беа предводени од страна на: Елисавета Лукановска и Александар Мирчевски кои што им помогнаа полесно да пристапат до информациите и да ги најдат засегнатите страни.

А пак на ден 21.10.2026 во Скопје во Младинскиот цента Старо матичниот беше организиран третиот дел од тренингот за тренери.Во кој што учесниците имаа за задача да се поделат во тимови,и да ги спремаат своите теми за презентирање.Исто така настанот беше организиран заедно со ОБСЕ. Учесниците од овој дел научија многу презентирачки вештини кој што ќе ги применуваат и понатаму.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.