Проекти

Проектни активности на извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес со странски невладини организации и останати институции

Од 1996 година одредот проектно соработува со странските фондации и институции: Институт за Трајни Заедници (ИТЗ) , Регионалниот Еколошки Центар (РЕЦ), Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС), Фондација – Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ), Светска Банка, Амбасада на Кралството Норвешка, Европската скаутска фондација Агенција за млади и спорт, Министерство за финансии и Мировен корпус .
Од овие фондации и институции членството на извидничкиот одред добива и обука за работа во НВО секторот.

 

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

ИНСТИТУТ ЗА ТРАЈНИ ЗАЕДНИЦИ – ( И Т З )

Проект: “ИЗВИДНИК ТРЕНЕР”

(Програма за Демократска Соработка – 1)
Добивање на стручно обучени извидници кои што на најквалитетен и најадекватен начин ќе вршат воспитување и образование на младите луѓе на возраст од 14 до 20 години, а со генерална цел формирање на воспитно образовна структура врз принципите и методот на скаутското движење.
На овој тренинг курс учествуваа 120 извидници од Република Македонија кои што моментално се лидери во извидничките одреди во Сојузот на извидници на Македонија

Проект: ШКОЛА ЗА ВОДАЧИ НА ПАТРОЛИ И ЈАТА
“ЗЕЛЕНИОТ ЕДИ 3 – 4″

(Програма за Демократска Соработка – 2)
Едукација на извидниците за водачи на патроли ширум одредите во РМ за да на униформен и унифициран начин вршат обука на новото членството во извидничките одреди.
На овие две школи за водачи на патроли и јата учество земаа 200 извидници од Република Македонија.

Проект: “ИНИЦИРАЊЕ НА ЛЕАП ЗА ОПШТИНА ЧАШКА“

(Програма за Демократска Соработка – 2)
Иницирање на потреба за донесување на ЛЕАП за општина Чашка. Во соработка со ЕД “Роса” од населба Чашка се изврши иницирање на потреба за донесување на ЛЕАП кои што во суштина се изработи и 50 % од самиот документ. Овој проект како активност беше работен и со Градончалникот на општина Чашка.

Проект: “ПРИРАЧНИК СО КРАТКИ И ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ
ВОДАЧ НА ПАТРОЛА”

(Програма за Демократска Соработка – 2)
Издавање на првиот извиднички прирачник за едукација на водачите на патроли и дружини во Република Македонија.
Извидничкиот одред работејки 50 години на едукацијата на членството во делот на неформалното образование на 110 страници го издаде прирачникот со кратки и практични совети “Водач на патрола”.
Овој образовен прирачник е првата извидничка литература на македонски јазик.

Проект: “НА ЧИСТАТА СТРАНА НА ЖИВОТОТ“

(Програма за Демократска Соработка – 3)
Во соработка со Градоначалникот на општина Велес и претставници на подрачните единици на Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за спорт и млади, извидничкиот одред “Димитар Влахов” започна да го работи донесувањето на Акционе нплан на заедницата за борба против алкохолизмот, наркоманијата и никотинизмот.
Донесувањето на оваков вид на акционен план на заедницата е прв од ваков вид во Македонија.

 
РЕГИОНАЛЕН ЕКОЛОШКИ ЦЕНТАР – ( Р Е Ц )

 

Проект: “ЕКО СКАУТСКА АКАДЕНИЈА”

Организирање на тренинг курс каде што едукативно се делуваше врз целокупното членство во Сојузот на извидници на Македонија.
Добивање на сознанијата за еколошките состојби и проблеми во светот и РМ и превземање на конкретни активности како може на најадекватен на-чин да се дејствува во решавањето на сите еколошки проблеми.
На оваа Еко Скаутска Академија покрај теоретските сознанија 250 слушатели организирани во три смени се стекнаа и со практични искуства кои се однесуваа на изградба на мини депонија, рециклирање на хартија, пречистување на вода, засадување на растенија, пишување на писмо до медиумите и сл.

Проект: “ИЗВИДНИЦИТЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ
ДО ЗДРАВА И ЧИСТА СРЕДИНА”

Со создадената општинска коалиција од пет НВОи во Велес, извидничкиот одред “Димитар Влахов” ја организираше медиумска кампања за подигање на јавната еколошка свест кај граѓаните на општина Велес.
Медиумската кампања се остоеше од емитување на предупредувачки ТВ спотови и радио џинглови, акетирање на населението, поставување на едукативни прдупредувачки постери и летоци и издавање на брошура за моменталната еколошка состојба во Велес.

Проект: “ДЕЦА, МУДРО ТРОШЕТЕ ЈА ЕНЕРГИЈАТА”

Еколошка едукација на младите на возраст од 7 до 12 години за мудро трошење на енергијата.
Во склоп на проектот се реализираа советувањња и работилници со деца на возраст до 12 години, потоа Велигденски еко логор каде младите работеа во природа, а воедно се издаде и боенка “Деца, мудро трошете ја енергијата” и едукативна брошура “Приказни за енергијата” каде што се зборува за корисно искористување на енергијата (сончева, топлинска, водена и сл.)

                                         

  СВЕТСКА БАНКА –WORLD BANK (Програма за мали грантови) 
Проект: “ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ЕЗЕРОТО”

Еколошки активности со учество на јавноста каде што покрај практично работење на терен се изврши и донесување на уредба за заштита на единствениот спортско рекреативен центар е. Младост.
Проектот беше искористен како акционен план за решавање на определен еколошки проблем на локално ниво.

 

 

 
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА – (МЦМС)

 

 Проект: “КОМПЈУТЕРСКА ЕДУКАЦИЈА ЗА ЧЛЕНОВИ НА НВО“
 

Со овој проект се изврши едукација на пет членови од нашиот одред за работа на компјутери (Word, Exsel, Power Point, Corel, Internet, DOS)

 
Проект: КОМПАКТ ДИСК  “ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД  ДИМИТАР ВЛАХОВ”
 

Издавање на компакт диск на кои што ќе биде преставено целокупното работење на извиднички одред “Димитар Влахов” од велес со што се заокружи педесет годишно работење на нашата НВО


ФОНДАЦИЈА ИНСТИТУТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО – МАКЕДОНИЈА (ФИООМ)

Проект: “КУРС ЗА УЧЕЊЕ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК”

Со овој проект се изврши едукација на еден член од нашиот одред за учење на англиски јазик (четири степени)

Проект: “БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ ПРИСТАП 2001 – 2002“

Со овој проект се доби бесплатно поврзување на интернет на нашиот одред за период од една година (три месеци 80 часови)

Проект: “МУЛТИМЕДИЈАЛЕН СКАУТИЗАМ”

Промовирање на младинското волонтерското работење и одговорности во НВО и преку активности за млади до 20 год. во слободното време со што ќе се изврши промоција на неформалното образование во Македонија за млади и промоција на извидништвото како најголемо младинско движење во светот преку изработка на ЦД.

Проект: “БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ ПРИСТАП 2002 – 2003” 

Со овој проект се доби бесплатно поврзување на интернет на нашиот одред за период од една година (три месеци 80 часови)

Проект: “МЛАДИТЕ МОСТ КОН ИДНИНАТА“

Во рамките на овој проект се организираше на шестдневен тренинг курс на кои што се работеа теми поврзани со работењето во НВО секторот, потоа теми од областа на заштитата на животна средина, теми од животот во природа преку оринтација и топографија на непознат терен. Беа издадени брошурите “Ориентација во природа” и брошурата “Водач на патрола”
Беше развиена методологија на работа со млади на возраст од 7 – 20 години, а која што се практикувана во извидничката работа и е веке промовирана и докажана. Се создвање на униформен и унифициран модел за помош на младите преку користење на прогресивно стимулативни програми и развој на младинско извиднички лидери.

 

Проект: “ДА СОЗДАВАМЕ ИДНИНА“
 

Целта на овој проект кој што ќе се организира во најцрната точка во нашата држава – Велес е подигнање на јавната свест кај населението за заштита на животната средина, а воедно и да се започне со едукативни и конкретни еколошки активности на терен. Со проект ќе се обрне внимание и на зачувување и унапредување на еко-чистите “делчиња” на општината Велес: заштита на спортско рекреативниот центар – езеро Младост. Медиумската кампања која што ќе се спроведе во текот на првите три месеци од проектот на терените на општината Велес ќе се однесува на лобирање кај граѓаните и локалните власти преку електронските медиумите, локалниот и државниот печат за решавање на еколошките проблеми. Предвидено е да се изработат и предупредувачки летоци и постери.
Во текот на проектот ќе се организира и еко камп од четири дена на терените на езерото Младост каде што ќе учествуваа 200 извидници и членови на младински НВО. На овој екокамп ќе се организираат четири работилници на кои ќе се креираат хендаути за планирање и реализирање на еколошки активности (10 вида на прирачни средства за активности). За време на екокампот ќе се организира и хајк со должина од 20 км. каде што извидничките екопатроли ќе ги фотографираат еко чистите и еко нарушените области на терените на е.Младост и ќе поставуваат предупредувачки табли со образовни пораки за заштита на животната средина.
На последниот ден на еко кампот ќе се организира светската еколошка акција “Да го исчистиме светот – Clean up the world” на која учество ќе земат сите учесници од кампот, претставници на АРМ, граѓани на Велес, еколошки друштва и младински НВО. Споменатите ќе работат на терените на езерото Младост.

 

 

Проект: “ДА, ЈАС СУМ ВОЛОНТЕР“ 

  

Со овој ке се создаде долгорочен ордржлив развој на младински волонтери преку едуција и тренинг како резултат на методологијата на неформалното образование на младите до 20 години . Ке се изврши иницирање и развој на форми на обука и методи на вклучување на младински волонтери  во младински активности. Јакнење на способноста за уважување и поддршка на способните млади луѓе. Стекнувања на зн аења и вештини за поврзување на младите внатре во заедницата и пошироко (вмрежување и самоорагнизирање) заради дологорчни програмски активности . Развој на доверба и и можност за сопствен придонес  во развојот на заедницата. Популаризација на волонтеризмот и обука на 50 волонтери
Иницирање на потребата од млади волонтери во Велес и РМ превземени од средни училишта. Зголемување на капацитетот на ИО Димитар Влахов од Велес  со зголемување на бројот на волонтерско членството. Лобирање кај државните институции преку печатените и електронски медиуми за развој на волонтеризмот преку кои ќе дојде до афирмирањена младите луѓе

 

 

Проект: “МЛАДИНСКО САМОВРАБОТУВАЊЕ – МЛАДИНСКИ ЕКОНОМСКИ ПРОСПЕРИТЕТ“ 

  

Цел на овој проект е  преку организирање на 6 дневен камп за 60 младинци од Велес и Р. Македонија  со цел истите да се мотивираат и советуваат за започнување на сопствен бизнис преку запознавање на традиционалните занаети од локалната заедница. Со проектот ќе се развие претприемничкиот дух и перспективите помеѓу младите невработени , со цел да им се даде надеж и знаење за отпочнување на сопствен бизнис.
 Глобална програма на  активности на кампот се : запознавање и посета на традиционални вредности – локални занаети, традиционална кујна и народна носија, посета на традиционални фарми (бачило, трло, оризници, казарница за ракија, плетење на кошници, грнчарство, пчеларство, собирање на шумски плодови) и практична дегустација на  нивните произвиди, фотографирање и прибирање на  рецепти.  Сите активности ќе се реализираат во следните селски средини: Голозинци, Еловец, Лисиче, Раковец, Бањица, населба Чашка, Крива круша (општина Чашка)
-Исто така предвидено и изработка на сопствен бизнис план за отпочнување на мал семеен бизнис.
– Изработка на економска карта на институции каде што може да се пласираат земјоделски производи.
– Создавање на младинска реална групација за продажба на произведеното под името ”YOUTH GROUP” со кои заеднички ќе се настапува на пазарот на трудот и ќе се надминува социјалната исклученост на младите преку можноста за самовработување.
– По завршувањето на кампот, стекнатото искуство  и знаење младите  ќе можат да го применат  преку  еднонеделна пракса посетувајќи разни занети ( пчелари, грнчари и други занаети кои се наведени погоре според интересот на учесниците) за да по принциопт ,, учење преку пракса” се оспособат за отпочнување на сопствен бизнис.
-Мини кампања за информирање на јавноста за активностите кои што ќе се преземат во рамките на проектот ( изработка на постер, флаер, ТВ спот,  радио џингл);
-Предвидено е и печатење и издавање на прирачник “Исхрана во природа”.

 

 

Проект: “ЗАЕДНИЧКО БИТИСУВАЊЕ“ 

 

 

 

 

Следна >>>