Проект на УСАИД за граѓанско општество
- Детали
- Објавено на Среда, 16 Мај 2012 14:16
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 36
На 16.5.2012 год. (среда) во просториите на Ликовниот салон, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во Велес, беше организирана работилница за преставување на објавениот конкурс за доделување грантови на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи. Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Целта на конкурсот е да обезбеди поддршка за граѓански организации од Република Македонија преку следните два вида грантови:
Извиднички средби - Пелинце 2012
- Детали
- Објавено на Понеделник, 14 Мај 2012 09:16
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 114
На покана на извидничкиот одред “Скаут“ од Куманово, две патроли на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес земаа учество на меѓународните средби на извидници - Пелинце 2012. Овие средби на извидници се одржа на терените на меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце и тоа во периодот од 11-13 мај оваа година. Натпреварите се организираа во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, полигонски натпревари, прва помош и сигнализација. На средби учествуваа од Македонија и Република Србија.
Правда за Велес - Правда за Игор
- Детали
- Објавено на Среда, 09 Мај 2012 18:46
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 93
Активистот на Зелената коалиција, Игор Смилев влезе во судот. Нему денеска му се суди по приватната тужба на директорот на Метрудхем, Тони Димитриевски. Велешани со подршка за Игор. „Дојдовме да му дадеме подршка на Игор", "Игор се бореше за здрава животна средина за сите нас, затоа денеска сум тука, да кажам дека и јас сум Игор" . Трите мото клубови од Велес се со Игор бидејки тој неговореше во свое име тој го искажа ставот на сите нас", велат случајно анкетираните велешани. На првото рочиште недојде тужителот Димитриовски. „Мојот клиент не се чуствува безбеден затоа и тој нема да присуствува на рочиштето, ова е приватна тужба против Смилев а не против Зелената Коалиција", рече Коста Нојков,
адвокат на тужителот.
39ти Меморијал “Марко Граорковски“
- Детали
- Објавено на Недела, 22 Април 2012 18:26
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 178
На покана на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје, осум извидници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес земаа учество на 39 меѓународен меморијал “Марко Граорковски“. Овој меморијал се одржа на терените на општина Петровец во Катлановска Брезица и тоа во периодот од 20-22 април оваа година. Натпреварите се организираа во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, полигонски натпревари,прва помош. На овој мегународен меморијал учествуваа следните одреди и тоа: ИО “Илинден“, ПСИО, ИО “Браќа Миладиновци“, ИПО “Галеб“ и ИО “ММ-Брицо“ од Скопје, ИО “Крсте Јон“ од Струга, ИО “Скаут“ од Куманово, ИО “Гоце Делчев“ од Св.Николе, ИО “Димитар Влахов“ од Велес и извидници од Република Србија. На овој меѓународен извиднички меморијал во категоријата извидници првото место го освоија извидниците од ИПО “Галеб“ од Скопје. Покрај ова имаше организирано и натпревари за помлади извидници.
Заедно за природата
- Детали
- Објавено на Недела, 22 Април 2012 18:05
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 91
На покана на г-ѓа Нина Маркова директорка на ООУ “Петре Поп Арсов“, од Богомила, на 21.4.2012 год. (сабота), извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество на патрониот празник на училиштето кое се одржа во подрачното училиште во с. Извор. Манифестацијата се организираше под мотото “Заедно за природата“. Во рамките на програмата имаше и промоција на дневниот центар за лица со инвалидност кој треба да започне да работи во нас. Чашка и дегустација на традиционална храна. На програмата од страна на нашиот одред учество зема старешината Ангелче Гушев.
Честит Велигден !!!
- Детали
- Објавено на Сабота, 14 Април 2012 07:58
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 55

Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите извидници од православна вероисповед, на сите наши пријатели и на сите наши одредски поддржувачи им ги честита престојните Велигденски празници со желба за мир и благосостојба.
Честит Велигден - Христос воскресе !
Старешина на ИО Димитар Влахов - Велес
проф. Ангелче Гушев
Woodbages ознака
- Детали
- Објавено на Петок, 06 Април 2012 18:37
- Напишано од Извидници Велес
- Посети: 156
Првата вудбеџ ознака била направена од монистри земени од ѓердан што припаѓал на главен зулу водач со име Dinizulu, која што Баден Пауел ја нашол за време на неговиот престој во Зулуленд во 1888.Сите дополнителни детали за оваа ознака од дрво која што има историска вредност а е и популарна и широко распространета кај извидниците во Светот во системот на образование можета да го видите тука.
