Извидниците во чест на ослободувањето на Велес !

Денес на  9 Ноември, денот кога го одбележуваме Денот на Општина Велес – ден посветен на богатата историја, традицијата, културата и гордоста на нашиот град делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес во состав Симона Љуткова, Марија Стефановска и Љупче Неделковски положија свежо цвеќе на спомен костурницата во Велес.

Нека овој ден биде потсетник дека заедно можеме да создадеме подобар, поубав и попросперитетен Велес – град со повеќе можности, развој и достоинствен живот за сите негови граѓани. Со гордост за минатото, посветеност во сегашноста и верба во иднината!

Честит 9 Ноември – Денот на Општина Велес.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.