Зголемување на извидничкото членство во Велес

Започнаа првите извиднички патролни средби со нашите најмлади членови, деца на возраст од 7 до 10 години, кои направија еден од своите први чекори во светот на извидништвото.

На првиот патролен состанок имавме можност да се запознаеме меѓу себе, да се дружиме и, преку интересни игри и активности, да им откриеме на најмладите што всушност значи да се биде извидник. Разговаравме за тоа какви авантури ги очекуваат и колку се важни другарството, тимската работа, природата и меѓусебната помош.

За крај, секое дете доби можност преку цртеж и неколку зборови да го претстави своето видување за извидништвото, како го замислува, што мисли дека прават извидниците и што очекува од дружбата. Нивните цртежи и одговори ни покажаа колку голема фантазија, љубопитност и идеи носат најмладите.

Ова беше само првиот паатролен состанок но се надеваме дека е почеток на многу нови пријателства, игри, учење и незаборавни извиднички авантури. Пред нас има уште многу заеднички моменти, нови вештини за учење и природа за истражување! Мал почеток, но голема извидничка приказна што допрва ќе се пишува !

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.