Добиени сертификати за учество на Инструкторска школа

Сојузот на извидници на Војводина на членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Ангел Радевски и Виктор Таневски им ги додели Сертификатите за учество на Основниот семинар за инструктори од прв степен кои се одржа оваа година во Кањижа, Република Србија.

Повеќе »

Учество на работилница во Влада на РМ

Во организација Генералниот секретаријат на Владата на РМ , Одделението за соработка со невладини организации организираше работилница на тема “Зајакнување на пристапот на невладините организации до средствата од државниот буџет“. Работилницата се одржа на 25 ноември 2008 год. (вторник). На оваа работилница од извиднички одред “Димитра Влахов“ учествуваше Ангел Радевски.

Повеќе »

Денот на дрвото

Во рамките на акцијата “Денот на дрвото – Засади ја својата иднина“ на 19.11.2008 год. , членови од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес земаа учество во акцијата за пошумување. Пошумувањето во општина Велес се организираше во месноста “Ветерско“ и “Толјан“.

Повеќе »

Извиднички средби во Скопје

По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на град Скопје, на 15.11.2008 год. (сабота) извидничкиот одред “Браќа Миладиновци“ од Скопје организираше извидничката акција “Извидниците за својот град“ за категориите на помлади извидници и извидници. Сите извидници учесници се дружеа низ редовните извиднички натпревари. На оваа акција учествуваа повеќе од 20 патроли од Скопје, а меѓу нив единствена патрола надвор ...

Повеќе »