Врз основа на Одлуката на Собранието на СИМ од 17. 04. 2011 година за донесување на нов Статут на Сојуз на извидници на Македонија и Одлуката на Старешинството на СИМ за свикување на седница на Собранието на СИМ од 10.12.2012 година, на 21.1.2012 год. (сабота) беше одржана седница на Собранието на Сојуз на извидици на Македонија со следниот дневен ред. ...
Повеќе »Среќно пловење !!!
Старшинството и советот на водачи при извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес му посакува успешна работа на новоформираното здружение на граѓани Вардарска регата “Гемиџии“. За сите активности на здружението, сите велешани ќе може да се информираат и од официјалниот веб сајт кој гласи www.vardarskaregata.mk.
Повеќе »Среќна нова 2012 година
Почитувани,годината која што заминува беше полна со предизвици и голем број на активности. Во оваа 2011 година ги одработиме Школа за водачи на патроли и јата “Зелениот еди 12“, 26 Средби на извидници, учествувавме на 8 Смотра на извидници на Србија во Шабац, каде што прославивме 100 години извидништво на Балканот. Четири дена пловевме со Вардарската рега ...
Повеќе »Работна средба со поранешни членови
Со почеток во вечерните часови на 17 декември 2011 год. (сабота) во извидничкиот центар “Голозинци“, се одржа работна средба на постари извидници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на кои што се разговараше за повторно нивно активирање во извидничката организација и превземање на некои програмски активности во одредот. На оваа средба се разговараше за почеток на припремите на прославата ...
Повеќе »Новите извидници дадоа Завет
Со почетокот на новата учебна година 2011/2012 и со поминатиот подготвителен период од три месеци за новите членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, се организираше завет кои траеше два дена. Активностите се организираа во извидничкиот дом во “Голозинци“ во истоименото село и тоа во периодот од 10-11.12.2011 год. Завет дадоа 20 нови извидници. На оваа активност учество земаа ...
Повеќе »











