Во рамките на спроведувањето на Програмата за Локален развој на UNDP – “Локална Акција за Инклузивен Развој“ во Вардарскиот плански регион, а во соработка со Центарот за Развој на Вардарскиот плански регион извидниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Мартин Јошевски и Димитар Јорданов учествуваа на еднодневна работилница која што се одржа на 6.9.2012 год. (четврток) во хотелот Романтик на Велешкото езеро. На работилницата учесниците се запознаа со Програмата за локален развој на UNDP.
„Целта ние во текот на програмата да имаме повеќе иницијативи и да го развиеме регионот заеднички.Жовотната средина ќе биде една од подрачјата кои ќе бидат во фокусот исто така и социоекономскиот развој и доброто владеење”, рече Алесандро Франкасети, заменик постојан преставник на UNDP во Македонија. Соработката со UNDP, значи надрградување на процесот на децентрализација, и формирањето на заеднички тела кои ќе ја подобрат меѓуопштинската соработка. „Оваа година започнуваме со градење на заедничките институции, понатаму би требало од сите општини поединечно заедно со регионот и UNDP да произлезат оние приоритети кои ќе бидат предложени и од општините и од Советот на планскиот регион”, рече Горан Петров, претседател на Вардарски плански регион. Кои проекти ќе бидат реализирани зависи од одлуката на Советот на планскиот регин. „Двата проекти фактички ќе ги одбереме од петте кои се предложени, тоа се проекти кои досега ги имаме имплементирано меѓутоа кои што се на некој начин недовршени”, рече Александар Бузалков, раководител на Врадарскиот плански регион. Колкава ќе биде финансиската помош која UNDP ќе му ја даде на Вардарскиот плански регион зависи од тоа кои два проекти ќе бидат избрани за реализација.