Отворена Европска куќа во Велес и средба со Амбасадорот на ЕУ со старешината на велешкиот одред

На 28.6.2023 год. (среда) во Велес се отвори Европската куќа која ќе ја користат младите на Велес, но можат и останатите граѓани коишто во просториите коишто се наоѓаат во центарот на градот, поточно на приземјето на популарно наречената “Синдикална зграда“. Со цел европските вредности да бидат поблиску до граѓаните на Велес просторот наменет е за едукација, за обука, за разговори, ...

Повеќе »

XXIII Вардарска регата “Гемиџии 2023“

На 23 јуни 2023 год. (петок) во организација на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес во претпладневните часови по 23 пат запловија учесниците на “Вардарската регата“. Годинава 50 лица пловеа на седум чамци. Се веслаше во три дена и три етапи, а крајната цел е Удово. Првата етапа беше базата на НАТО камп ЗИМА 1, втората беше до Демир Капија ...

Повеќе »

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја прослави одредската славата Св. “Кирил и Методиј“

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, почитувајки ги основните принципи на извидничкото движење и оваа годината на 23 мај 2023 год. (вторник) во извидничкиот центар “Голозинци“ ја прослави одредската слава Св. “Кирил и Методиј“ – македонски и сесловенски просветители, со што ја дополнуваме и нашата воспитно-образовна дејност како младинска организација. Овогодинешен кум  на одредска  слава беше  Кристијан Јорданов. По богослужбата ...

Повеќе »

Учество на извидничко ориентациониот повеќебој “Чика Драги“ во Ниш

Во периодот од 12-14 мај 2023 год. дванаесет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес земаа учество на традиционалниот извиднички ориентационен повеќебој“Чика Драги“ во Ниш во организација на нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“. На овој повеќебој учество земаа 150 извидници од Србија, Република Српска и Македонија.

Повеќе »

Учество на Средбите на извидници во Св.Николе

На покана на извидничкиот одред “Гоце Делчев“ од Св.Николе, претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ земаа учество на Средбите на извидници кои се одржаа во извидничкиот дом во село Орел, Св.Николе во периодот од 12-14 мај 2023 год. На домакините во името на старешинството на одредот им благодариме за гостопримството.

Повеќе »