Новости

Ден на дрвото, по осми пат !

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, со дваесет извидници зема учество на  осмата по ред акција “Ден на дрвото“. Акцијата се одржа на 23.11.2011 год. (среда) на терените на Велешко езеро, во месноста позната како ,,Кај трлата” и тоа под  “Садиме денес – пишуваме и праќаме писмо на мирот”. Велешани засадуваа на површина од седум  хектари багреми, јасен и јавор. ...

Повеќе »

Средба со Претседателот на Република Македонија

Во рамките на акцијата “Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“ на  22.11.2011 (вторник) во Градскиот парк во Велес, Зелената коалиција имаше  средба со Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов. Претседателот на државата во Велес беше заедно со својата сопруга и син кои што воедно засадија дрва во Градскиот парк и го одбележаа почетокот на акцијата во Општина ...

Повеќе »

Зелената коалиција: Тука е почетокот на крајот

Велешани предводени од Зелената коалиција ја извојуваа победата. Сите заедно се изборија и се уште ќе  се борат за здрава животна средина. Им покажаа на  сопствениците на Топилницата дека не се добредојдени тука.  И нема да застанат тука, ќе го бранат Велес од сите оние  што ќе помислат повторно да го уништуваат. Поддршка добија од  сите добронамерни граѓани, политичари, спортисти, ...

Повеќе »

Протестниот банер и во Скопје

Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес учествувајки на активности по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на град Скопје, на три локации во Скопје и тоа во центарот на Скопје, во Градски парк и во близина на Арената Филип втори,  го поставија ПРОТЕСТНИОТ БАНЕР кои што беше изработен за еколошкото востание одржано во Велес на 9.11.2011 година. ...

Повеќе »

Еколошкиот проблем во Велес на Ал џазаира

 Проблемите со можноста од рестартирање на Топилницата во Велес, светот ќе може да го види и на светскиот информативен сервис Ал џазаира. Зелената коалиција  имаше интервју со новинарот Милка Смилевска од редакцијата на Ал џазаира/Балкан и  тоа токму пред самата во Топилницата во Велес. Во интервјуто учествуваа лидерите на Зеланата коалиција кои што мегу другото ги преставија сите здравствени проблеми ...

Повеќе »