RIP Niel Armstrong, Proud Scout – првиот човек на месечина.

Беше скаут, беше човек подржувач на скаутизмот. Во јули 1969 година Армстронг беше на чело на екипажот на вселенскиот брод „Аполо 11“, чија главна задача беше првото слетување на Месечината. Тој на 20. јули стана првиот човек кој стапна на површината на единствениот природен сателит на Земјата. Во историјата остана запаметена неговата реченица по тој повод, „Ова е мал чекор за човекот, а голем скок за човештвото“. Армстронг и Едвин Олдрин на Месечината поминаа два и пол часа. Набрзо потоа Армстронг ја напушти НАСА и стана професор на Универзитетот во Синсинати, каде живееше со својата сопруга Керол.За тој лет Армстронг беше награден со медал за исклучителни заслуги од НАСА, а доби и Претседателски медал на слободата и Златен медал од Конгресот, двете најголеми национални награди во САД.

                                    


 


Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.