Во рамките на проектот “Destination … Adventure“ патрола од петмина скаути од Кралството Велика Британија во состав Мајкл Ролинсон и Ема Хамбелтон од Манчестер, Киеран Башам и Крис Крек од Виндсор и Лаура Еванс од Ливерпул на 17 и 18 август беа гости на извидниците од извидничкиот одред “Димитар Влахов“. Нашите петмина пријатели скаути од Кралството ќе бидат присутни во Република Македонија десетина дена со специјална задача да ја запознаат и истражат нашата Република. Имаат задача да ги запознаат сите историски и културни знаменитости . Како најстара младинска организација во Македонија, споименатата патрола од Велика Британија искажа голем интерес за посета на нашиот град Велес и посета на извидничката организација од градот.
Гостите во целост го запознаа градот Велес, историските знаменитости како што е црквата “Св.Пантелејмон“, куќата на Касапови, куќата на нашите сограѓани и преродбеници Васил Главинов, Кочо Рацин и ЈХК – Џинот и манастирот “Св. Димитрија“ и парклисот “Св. Петка“. Во вечерните часови нашите британски гости ги посетиа велешките пабови и се запознаа со ноќниот живот во Велес.
Нашите гости кои доаѓаат од државата каде се роди и создаде скаутизмот, беа доста изненадени од сето она што го видоа во велешката извидничака организација, беа задоволни и изненадени од сета поддршка која што ја добиваме од локалната самоуправа во делот на канцелариски простор и финасиска поддршка која што ја дава општината Велес.
Во разговорите кои беа водени со старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“, г-дин Ангелче Гушев, британските скаути се обврза и договорија посета на наши велешки извидници во Британија и обезбедување на помош во опрема од скаутите од Кралството Британија. Сакајќи да се престави светското скаутско братсво и активностите кои се договорија помеѓу извидниците од Велес и Британските извидници, истите дадоа изјави за локалното радио 5ФМ, со што велешката јавност и дополнително ќе се запознае со сите заеднички активности кои што ќе се превземат во периодот кога единствениот градски извиднички одред ќе слави 60 години постоење на територијата на општина Велес и Република Македонија.