Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со реализирањето на проекти поврзани со неформалното образование и проекти за социјана исклученост на младите, се вклучи во работата на Европската мрежа за превенција од насилство на децата и младите.
Повеќе »Последни Новости
Работна средба во Општина Чашка
Општина Чашка на ден 2.12.2008 год. (вторник) организираше информативен состанок со преставниците на здруженијата на граѓани и фондации за соработка во 2009 година. На овој информативен состанок се презентираа доставените предлог-активности и програми од страна на здруженијата на граѓани и фондации. Покрај ова се преставија и финансиските можности на Чашка за поддршка на активности на здруженијата на граѓани и фондации ...
Повеќе »Добиени сертификати за учество на Инструкторска школа
Сојузот на извидници на Војводина на членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Ангел Радевски и Виктор Таневски им ги додели Сертификатите за учество на Основниот семинар за инструктори од прв степен кои се одржа оваа година во Кањижа, Република Србија.
Повеќе »Награда на ЕРСТЕ Фонадацијата
Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес со активностите од проектот “Младинско самовработување“ аплицираше за наградата од ЕРСТЕ Фондацијата .
Повеќе »Учество на работилница во Влада на РМ
Во организација Генералниот секретаријат на Владата на РМ , Одделението за соработка со невладини организации организираше работилница на тема “Зајакнување на пристапот на невладините организации до средствата од државниот буџет“. Работилницата се одржа на 25 ноември 2008 год. (вторник). На оваа работилница од извиднички одред “Димитра Влахов“ учествуваше Ангел Радевски.
Повеќе »