Согласно проектот „Гласот на младите, граѓански ангажман и учество на локално ниво“ на ден 14.12.2012 год петок во просториите на Граѓанскиот сервис центар младите имаа можност да се запознаат со наодите од истражувањето за проценка на управувањето во Општина Чашка. Имено УНДП со консултантската куќа Идеја ОК, изработуваат „ Студија за потербите на проектот на УНДП „ за шест (6) ...
Повеќе »Лого за 60 роденден на одредот
Старешинството на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес , на својата редовна сеница одржана на 9.12.2012 год. (недела) официјално го усвои логото за прославата за 60 години на одредот. Покрај логото беше усвоено и мотото на прославата кое гласи – “60 години извидништво во Велес – 60 години млади“.
Повеќе »Посета на Директорката за програма и обука при Мировен корпус
На 7.12.2012 год. (петок) во посета на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес беше Директорката на програма и обука при Мировниот корпус- Македонија, г-га Џанин Дорш. На оваа средба директорката во целост се запозна со шеесет годишното постоење на извидничкиот одред “Димитар Влахов“, потоа со членството, со одредските програмски активности, со генералната поставеност на одредот во рамките на СИМ, Европскиот ...
Повеќе »Хајк кон месноста Пешти
Група на седум извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, на 24.11.2012 (сабота) организираа хајк кон месноста Пешти. Во текот на хајкот беа поминати следните локации: Црн камен, Велешкото кале и кањонот на реката Тополка. Нашите извидници имаа за цел да определат нови терени за организирање на натпревари од републички карактер во рамките на нашите традиционални Средби на извидници.
Повеќе »Преставување на ТВ Канал 21
На 23.11.2012 год. (петок), Ангелче Гушев старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“- Велес земаа учество во утринската програма на локаланата ТВ Канал 21. Во рамките на телевизиското преставување беше преставена програмата за одбележувањето на 60 години извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, потоа беше преставено и започнувањето на работата на нашиот одред уште од далечната 1948 година, преку регистрирањето на ...
Повеќе »











