Новости

Републички активности во организација на ИО “Димитар Влахов“ – Велес

Старешинството на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес на својата редовна седница одржана на 5.8.2014 год. (вторник) ја утврди динамиката на неколку поголеми републички извиднички активности кои ќе се реализираат во периодот на месец септември – октомври 2014 год, а одредот од Велес  ќе биде домакин. –    од 6-8.9.2014 год. – реализација на едукативен камп “Да си подадеме рака“ во ...

Повеќе »

Велешките извидници на IX Смотра на Сојуз на извидници на Србија – Бела Црква 2014

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес остваувајќи ја својата програма за работа за 2014 година, зема учество на 9та Смотра на извидници на Србија, која што се одржа во Бела Црква во периодот од 25.7 – 4.8.2014 год.  Дванаесете извидници од Велес беа сместени во населбата Дунав, кои воедно беа и гости на братски одред од Ниш, извидничкиот одред “Мија ...

Повеќе »

Велешките извидници повторно учествуваа на Вардарската регата

Стотината современи Гемиџии, по четири дена пловење, од 26 до 29 јуни пристигнаа во Гевгелија. Ветерот годинава не ни беше сојузник на учесниците, оти дуваше спротивно на правецот на пловење,  што сите четири дена ја отежнуваше пловидбата.  Проблеми создаваа и  високите температури и жешкото сонце, кое ги ,,испече,, гемиџиите. Со големи напори  Гемиџиите стигнаа до Гевгелија, откако во четвртокот тргнаа ...

Повеќе »

Младите за Велес со иницијатива за формирање на Младински совет

На 16.6.2014 год. (понеделник), под насловот „Млади за Велес“ на просторот на Младинскиот парк беа поставени штандови на неколкуте граѓански организации на младите од Велес кои се промовираа себеси но истовремено и ги искажаа своите желби. Целта на настанот беше да се поттикнат младите да ги искажат своите приоритети и со тоа да влијаат да се промени нивниот живот и ...

Повеќе »

Собрание на Сојуз на извидници на Македонија

Четворочлена  делегација на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес во состав Ангелче Гушев, Златко Ристов, Ненад Андреевски и Јане Јанков, на 15.6.2014 год. (недела) зема учество на редовното собрание на Сојузот на извидници на Македонија, кое се одржа во домот на Грдадежниците во Скопје. На  Собранието на СИМ беше разгледан  извештајот за работа на СИМ,  заедно со финасискиот извештај за ...

Повеќе »