Новости

Благој Ѓорчевски, член на Советот на млади на Општина Велес

Врз основа на одлуката на Општина Велес за основање на Совет на млади, на седницата на Советот на Општина Велес одржана на 19.5.2015 год. беа именувани членовите  на Советот на млади на Општина Велес. Меѓу девете членови на Советот на млади на Општина Велес со мандат од четири  години изгласан е и Началникот на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, ...

Повеќе »

Велешките извидници учесници на 40 меморијал “Чика Драги“ во Ниш

На 40 јубилејниот извиднички ориентационен повеќебој “Чика Драги“ изминатиот викенд на терените на Облачинско езеро во близина на Ниш, од 15-17  мај  2015 се натпреваруваа повеќе од 250 млади од Србија и Македонија. Целта на ова традиционално натпреварување кое го организира нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, беше организирање на натпревари од областа на топографијата и ориентацијата во ...

Повеќе »

Почит за славните Гемиџии

Се арчиме за Македонија“, со оваа мисла пред 112 години Гемиџиите ги дале своите животи за татковината. Денеска се одбележува годишнината од Солунските  атентати реализирани во 1903-та година.  Со делата што ги  оставија зад себе и херојскиот подвиг да се жртвуваат за слободата на Македонија, Гемиџиите, се пример за сите Македонци. Нивната порака „Се арчиме за Македонија“ и атентатите во ...

Повеќе »

Извидниците од Велес учесници на XLII меморијал “Марко Граорковски“

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на покана од извидничко-поречанскиот одред “Јадран“ зема учество на 42 Меморијал “Марко Граорковски“. Меморијалот се одржа на терените на Катлановска Брезица во периодот од 24-26.4.2015 год. Извидниците на оваа извидничка акција се натпреваруваа во областа на топографија и ориентација во непознат терен. Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество со десет извидници или ...

Повеќе »

Среќни Велигденски Празници

Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите извидници од православна вероисповед, на сите наши пријатели и на сите наши одредски поддржувачи им ги честита престојните Велигденски празници со желба за мир и благосостојба. Честит Велигден – Христос воскресе ! Старешина на ИО “Димитар Влахов“ – Велес м-р Ангелче Гушев

Повеќе »