Во периодот од 23-25.2.2018 год. во Требиње (Босна и Херцеговина), се организираа шестите брѓански (сениорски) средби на извидниците од Западен Балкан. На овие средби учество земаа делегации од извидничките сојузи на Хрватска, Македонија, Србија, Црна гора и Босна Херцеговина но и делегации од Јужна Кореја и Франција. На оваа тридневна средба за учесниците се орагнизираа повеќе темаски панели на кој се разговарше за: создавање на заеднички тим за обука, извидничка лига и систем на заеднички проектни активности и размена на информации помеѓу националните сојузи. Како најдобри начини на продолжување на соработката е креирање на заедничк проек ти. Делегацијата на СИМ беше составена од 25 извидници од извидниките одреди “Димитар Влахов“ од Велес,“ Јадран “ од Скопје и “Крсте Јон“ од Струга и преставници на Сојозот на извидници на Македонија.
Со овие шести сениорски средби започна вториот круг на организација на средби, така што Сојузот на извидници на Црна гора во 2019 година, повторно е домакин на овој тип на средби. Учесници на оваа средба од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“- Велес беа Ангелче Гушев , Влатко Влахчев, Жаклина Гушева и Јордан Бајрактаров.