Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, почитувајки ги основните принципи на извидничкото движење и оваа годината на 23 мај 2022 год. (понеделник) во извидничкиот центар “голозинци“ ја прослави одредската слава Св. “Кирил и Методиј“ – македонски и сесловенски просветители, со што ја дополнуваме и нашата воспитно-образовна дејност како младинска организација. Овогодинешен кум на одредска слава беше Стефан Петровски.
По богослужбата на преставниците на МПЦ беше одреден и кумот за идната одредска слава, а тоа е Кристијан Јорданов. Со почита кон сесловенските просветители на сите членови на одредот и наши сограѓани од православната вероисповест им посакуваме знаење, мудрост и љубов кон науката со што ќе им се помогне во борбата со задачите и предизвиците кои ги носи животот. Да биде свето името на Св. Кирил и Методиј !
Честит празник на сите Македонци.