На 21 септември 2008 год. (недела) се организираше масовната еколошка акција за чистење на јавните површини од комунален отпад под мотото “Чиста и европска Македонија“. Еколошката акција е организирана од страна на Министерството за екологија и просторно планирање заедно со Министерството за транспорт и врски и ЗЕЛС.
Во рамките на споменатата акција членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Фондацијата “Фокус“, ЕД “Вила Зора“ работеа на средување на јавниот простор околу објектот на Домот на невладини организации во Велес.