На 21 февруари 2009 год. (сабота) во рамките на прославата на Светскиот ден на скаутизмот, членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, земаа учество на прославата по повод 65 години од реализирањето на Февруарскиот похот. За таа цел нашите извидници во соработка со Сојузот на борците, Армијата на Република Македонија преставници на Општина Велес и Општина Чашка положија свежо цвеќе на споменикот во месноста Камила (во близина на болницата Јасеново).