Во склоп на проектот за водење и Извидништво во Источна и Централна Европа се одржа работилница во Украина – Киев во периодот од 22 до 25 ноември 2007 година.
Од Македонија учество земаа пет извидници: Златко Ристов од ИО “Димитар Влахов” – Велес, Лазе Тренчев од ИО ”М. М. Брицо” – Скопје, Маја Тодорова од “ПСИО” – Скопје, Филип Ивановски од ИО “Браќа Миладиновци” – Скопје и Зоран Силјановски од “ПСИО” – Скопје. Овие извидници работеа во различни групи на следните алатки:
– Златко Ристов работеше на долгорочни човечки ресурси за планирање на менаџментот
– Лазе Тренчев работеше на тренинг за тренери
– Маја Тодорова работеше на регрутирање на нови лидери
– Филип Ивановски работеше на правење рамка за новиот тренинг систем и конструирањеи ревизија на новиот тренинг систем
– Зоран Силјановски работеше на печатени материјали за локални водачи/извиднички лидери
