Во организација на Фондација Импакт Нет ЗЕЛЕНА МАПА ЗА ЗЕЛЕНА ЗАЕДНИЦА на 25.1.2023 год. (среда) во големата сала на Општина Велес се одржа ЈАВНА ТРИБИНА „Програма и активности за животната средина и наши заеднички заложби за трансформативни практики кон зелена и просперитетна општина“ на која што учество земаа Ангелче и Иван Гушеви како претставници на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес.
На трибината збор земаа претставници на политичките партии од Велес на локално и државно ниво, претставници од Општина Велес, претставници од еколошките здруженијата на граѓани од Велес и еко активисти.
Како еден од претставниците на НВО секторот говореше и Ангелче Гушев кои на трибината ги сподели своите одредските искуства со еколошките активности во Велес – Зелена коалица, Еко кампови во ИЦ “Голозинци“, еколошка литература и еколошки акции на пошумување и поставување на еколошки таблички и маркирање на планинарски патеки. На трибината беа преставена и дигиталните апликации – дигитални иновации за придонес кон зелена трансформација на заедницата.