Учество на еколошка трибина – ЗЕЛЕНА МАПА ЗА ЗЕЛЕНА ЗАЕДНИЦА

Во организација на Фондација Импакт Нет ЗЕЛЕНА МАПА ЗА ЗЕЛЕНА ЗАЕДНИЦА на 25.1.2023 год. (среда) во големата сала на Општина Велес се одржа  ЈАВНА ТРИБИНА „Програма и активности за животната средина и наши заеднички заложби за трансформативни практики кон зелена и просперитетна општина“ на која што учество земаа Ангелче и Иван Гушеви како претставници на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес.

На трибината збор земаа претставници на  политичките партии од Велес на локално и државно ниво, претставници од Општина Велес, претставници од еколошките здруженијата на граѓани од Велес и  еко активисти.

Како еден од претставниците на НВО секторот говореше и Ангелче Гушев кои на трибината ги сподели своите одредските искуства со еколошките активности во Велес – Зелена коалица, Еко кампови во ИЦ “Голозинци“, еколошка литература и еколошки акции на пошумување и поставување на еколошки таблички и маркирање на планинарски патеки. На трибината беа преставена и дигиталните апликации  – дигитални иновации за придонес кон зелена трансформација на заедницата.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.