Во рамките на активностите поврзани со 22 Февруари – Светскиот ден на извидниците, од страна на Сојуз на извидници на Македонија беше распишан и ликовен и литературен конкурс. На овој конкурс нашите извидниците од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ земаа активно учество.
Како најдобра ликовна творба на ниво на Сојуз на извидници на Македонија беше оценета творбата на Иван Гушев за која што и беше награден од страна на сојузот.
Воедно во најтесниот избор беа и ликовните творбите на нашите извидници: Никола Влахчев, Антонио Јорданов, Ангела и Јована Јошевски и Миа Несторова.
Додека пак во категоријата литературни творби во најквалитетните творби беше рангирана и творбата на Катерина Гушева.