Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес на покана на извидничкиот одред “Мија Станимировиќ од Ниш, Република Србија во периодот од 10 до 12 мај 2019 година со осум извидници – зема учество на “44 Меморијал Чика Драги“. Овој меморијал претставува еден од нај старите и нај посетен извиднички собир на извидници во Република Србија. На оваа манифестациија учество земаа повеќе 150 извидници од Србија, Босна и Херцеговина и Македонија со околу 30 патроли кои се натпреварува во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен. Извидниците од Велес кои се натпреваруваа во рамките на “44 Меморијал Чика Драги“ во категоријата на истражувачи го освоија седмото место. Патролата која го освои седмото место беше во состав: Давид Темелковски, Лазе Андов, Иван Гушев, Кире Харалампиев и Трајче Темелковски.