На 11.05.2026 год. (понеделник) членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, Иван Гушев и Владимир Ивановски – Вуцо заедно со членови од канцеларијата на Сојуз на извидници на Македонија организираа работилница за проектот за пошумување на опожарени подрачја – Боренка.

Оваа работилница се организираше и истата се одржа во основното општинско училиште “Гоце Делчев“ во Василево.

На работилницата се презентираше проектот Боренка преку забавни активности, со што учениците од третто и петто оделение се запознаа со извидништвото во Македонија и заштитата на шумските подрачја на нашата земја.




