Во целост е обележана и маркирана патеката која ке го носи името “Нова Македонија“, а истата е е дел од превземените обврски и потпишаниот договор со Агенција за промоција и поддршка на туризмот , за доделување на договор за јавна набавка на услуги за расчистување, уредување, бележање, маркирање, поставување на инфо рабли, мапи и патокази и истите да се мапираат предвидените рекреативни, пешачки и планинарски патеки во Р. Македонија извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес како економски оператор учествуваше на Огласот. Огласот распишан од страна на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, одредот од Велес конкурираше за уредување на пет патеки кои се наогаат во Општина Чашка и тоа: патеката наречена – Нова Македонија која што е на релација с. Голозинци – с. Лисиче – Хидросистем Лисиче – Горно Врановци во должина од 16 километри. Паралелно со оваа патека се бележат и маркираат и четири патеки во регионот на селото Мокрени и тоа: пристапна патека с. Богомила-Планинарски дом с. Мокрени манастирот „Св.Спас“ с. Мокрени, Планинарски дом с. Мокрени-врв Биса- Планинарски дом с. Мокрени, Теово – Мокрени.. Со ова како организација докажавме како треба да се промовираат убавините на Централна Македонија – реонот на Азот.