Создадена планинарската патеката “Нова Македонија“

gule_crtaВо целост е обележана и маркирана  патеката која ке го носи името “Нова Македонија“, а истата е е дел од превземените обврски и потпишаниот договор со Агенција за  промоција и поддршка на туризмот , за доделување на договор за јавна набавка на услуги за расчистување, уредување, бележање, маркирање,  поставување на инфо рабли, мапи и патокази и истите да се мапираат предвидените  рекреативни, пешачки и планинарски патеки во Р. Македонија извидничкиот одред “Димитар Влахов“  од Велес  како економски оператор учествуваше на Огласот. Огласот распишан од страна на Агенција за промоција и поддршка на туризмот,  одредот од Велес конкурираше за уредување на пет патеки кои  се наогаат во Општина Чашка и тоа: патеката наречена – Нова Македонија која што е на релација с. Голозинци – с. Лисиче – Хидросистем Лисиче – Горно Врановци во должина од 16  километри. Паралелно со оваа патека се бележат и маркираат  и четири патеки во регионот на селото Мокрени и тоа: пристапна патека с. Богомила-Планинарски дом с. Мокрени манастирот „Св.Спас“ с. Мокрени, Планинарски дом с. Мокрени-врв Биса- Планинарски дом с. Мокрени, Теово – Мокрени.. Со ова како организација докажавме како треба да се промовираат убавините на  Централна Македонија – реонот на Азот.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.