На 15.05.2022 (недела) во ООУ “ЈХ Песталоци“ во Скопје беше организирано редовното Годишно Собрание на СИМ. Се работеше по следниот дневен ред за работата на собранието:
- Усвојување на предлог записник од редовно годишно собрание – јуни , 2021 година
- Годишен извештај за работата на СИМ (наративен и финансиски извештај)
a. Канцеларија на СИМ
б. Извиднички центар Охрид - Примање на придружни членки
a. ИО Скаут Пелистер – Битола
б. ИО Даме Груев – Скопје
в. ИО Младост – Валандово - Тековни процеси и активности
- Разно
По усвојување на дневниот ред беа презентирани годишниот извештај за работата на СИМ и
финасискиот извештај на Сојузот на извиднци на Македонија и Извидничкиот центар Охрид.
Во рамките на СИМ за полноправна членка беше примен ИО “Авантуристи“ од Кавадарци, а за
придружни членки ИО “Скаут Пелистер“ – Битола, ИО “Даме Груев“ – Скопје и ИО “Младост“ – Валандово. Во продолжение беа презентирани и тековните активности и проекти на СИМ.
Делегацијата на извидничкиот одред Димитар Влахов – Велес ја сочинуваа: м-р Ангелче Гушев како старешина на одредот, Јордан Бајрактаров – Началник на Биро на СИМ и членовите на одредот: Влатко Влахчев, Жаклина Гушева и Стефан Петровски.