Реализирани XXXVIII Средби на извидници – Голозинци 2024

Остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше XXXVIII  Средби на извидници “Голозинци 2024“, кој  се одржаа во периодот од 6 до 9.9.2024 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село. На средбите учество земаа повеќе од 120 извидници од Република Македонија (Скопје, Прилеп, Св.Николе, Куманово) и Република Србија (Ниш).

Средбите на извидници беа програмски организирани во насока на живот во природа,неформално образование, ориентација и топографија во непознат терен, прва помош и исхрана во природа. Овие средби извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја продолжи традицијата на организирање на извиднички средби, а воедно извиднички одред “Димитар Влахов“ го  прослави денот на Државноста на Република Македонија.

По завршувањето на XXXVIII Средби на извидници беа постигнати следните резултати и тоа во категоријата на истражувачи и ровери. Првото место го освои екипата “Гљиве“ од ИО “Јосиф Панчиќ” – Ниш Република Србија, второто место го освои “Малце наам, малце натаму“ на  ИО “Гоце Делчев” – Св. Николе и третото место Енгри Брдс од  ИПО “Јадран” – Скопје.

Патрола Гљиве од ИО “Јосиф Панчиќ“ – Ниш Република Србија
Патрола Малце наам, натаму на ИО “Гоце Делчев“, Св.Николе
Патрола Енгри Брдс на ИПО “Јадран“, Скопје

Додека пак во категоријата на извидници прво место патролата НТБ од ИПО “Сидро“ од Скопје, второто место им припадна на патролата Омилените на Мелита од ИО “Гоце Делчев“ од Св. Николе, додека пак третото  место го освои патролата Тофифи од ИПО “Јадран” -Скопје.

Патрола НТБ на ИПО “Сидро“ Скопје
Патролата Омилените на Мелита на ИО “Гоце Делчев“ Св. Николе
Патрола Тофифи на ИПО “Јадран” Скопје

Покрај ова беа додели и пакет на извидничка литература за најдобро изработените материјали кроки, извештај на дел од помината патека, итенерер на минско поле, скица не дел од помината патека и скица на контролна точка .

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.