На 9.3.2022 год. (среда) еколошко друштво “Вила Зора“ со поддршка од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес пред почеток на 10 та по ред седница, пред сите советници , ги презентираше подготвените две стратегии и тоа :
- СТАТЕГИЈА ЗА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ПОЧВА – во Стратегијата за деконтаминација главна препорака е донесувањето на Правилник со што ќе се изврши контрола на загадувањето и дефинирање на степенот на загадувањето на веќе загадените региони.
- СТРАТЕГИЈА ЗА СОРАБОТКА НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ – стратегијата има за цел активно да бидат вклучени активните, но и пасивните членови на граѓанските организации, одговорните институции, бизнис секторот, локалните институции, експертите и граѓаните во остварување на главната цел – силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите
Презентациите се однесуваа на причините за изработка на двете стратегии, проблемите кој треба да се решат и препораки за следни чекори.
Стратегијата за развој на граѓанските организации е резултат на соработка на следните организации :
Еколошко Друштво “Вила Зора” –Велес
Извиднички одред “Димитар Влахов”- Велес
Фондација” Фокус” -Велес
Здружение” Активо” -Велес
“Друштво за грижа на здраво поколение”- Велес