Презентирање на граѓански Стратегии

На 9.3.2022 год. (среда) еколошко друштво “Вила Зора“ со поддршка од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес пред почеток на 10 та по ред седница, пред сите советници , ги презентираше подготвените две стратегии и тоа :

  • СТАТЕГИЈА ЗА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ПОЧВА – во Стратегијата за деконтаминација главна препорака е донесувањето на Правилник со што ќе се изврши контрола на загадувањето и дефинирање на степенот на загадувањето на веќе загадените региони.
  • СТРАТЕГИЈА ЗА СОРАБОТКА НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ – стратегијата има за цел активно да бидат вклучени активните, но и пасивните членови на граѓанските организации, одговорните институции, бизнис секторот, локалните институции, експертите и граѓаните во остварување на главната цел – силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите

Презентациите се однесуваа на причините за изработка на двете стратегии, проблемите кој треба да се решат и препораки за следни чекори.

Стратегијата за развој на граѓанските организации е резултат на соработка на следните организации :
Еколошко Друштво “Вила Зора” –Велес
Извиднички одред “Димитар Влахов”- Велес
Фондација” Фокус” -Велес
Здружение” Активо” -Велес
“Друштво за грижа на здраво поколение”- Велес

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.