Почит кон славните Гемиџии

gemidzii1Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Трајче Темелковски, Мартин Голчев и Иван гушев на 28.4.2017 год. (петок) се поклонија пред ликот и делото на Гемиџиите. По повод 114 години од Солунските атентати, на споменикот подигнат во нивна чест во близина на мало мовче, делегации положија свежо цвеќе.Пред присутните се одржа и говор во кој беше потенцирано големото историско значење кое го имаат Гемиџиите. Под мотото „Се арчиме за Македонија“ солунските атентати ги изведоа: Јордан Поп Јорданов – Орцето, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов, Георги Богданов, Тодор Богданов,Тодор Органџиев и Цветко Трајков.
Целта на овие напади кои се извршени од 28-ми април до 1-ви мај 1903 била да се нападне најзначајниот европски град во Османлиската Империја за да се привлече вниманието на големите сили врз македонското прашање.Делегации од Општина Велес денеска положија свежо цвеќе на вечното почивалиште на гемиџијата Милан Арсов во село Ораовец, како и на илинденецот Јован Наумов – Алабакот.

gemidzii2

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.