Извидничкиот одред „ Димитар Влахов“ оствари Б2Б средба со претприемачи на територија на Општина Чашка и Велес. Директните препораки на претприемачите се младите да се насочат кон она што го имаат, односно да се насочат кон земјоделството(полоделство, сточарство и рибарство) , руралниот развој и трговијата на стоки и мали семејни бизниси. Мерките за заедничко дејствување и градење на доверба и препознатливост помеѓу јавниот- приватниот-граѓанскиот сектор се споделување на позитивни пракси, споделување на информации, да се формира мрежа на млади претрпиемачи на ниво на регион се со цел полесно информирање и заедничко дејствување, континуирано информирање на младите, лице задолжено за комуникација со млади, да се промовира волонтерството и праксата како задолжителен дел од стекнување на работно искуство, да се работи на мотивација и охрабрување на младите, да се делува на подобрување на квалитетот на живот во населените, да се подобри превозот со урбаните средини со цел делување на зголемување на бројот на вработени лице , обучување на младите со цел стекнување на работни навики, на
произведувачите на земјоделски производи да им се обезбеди загарантиран откуп и добра цена на производот, да се охрабрат младите да вложат труд, државата да се вложи да даде информации и да се поттикнат да се искористат програмите за самовработување, ИПАРД, ИПА програми.
Почести средби со претставници на Агенцијата за вработување, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството , институции кои даваат финансиска поддршка за започнување на бизнис
Дел од обуките кои претприемачите ги имаат увидено во своето искуство е младите да посетуваат обуки за комуникациски вештини, тимска работа, вештини за финансиско работење, подобрување на бизнис план, одговорност, правилно искористување на времето.
Проектот „ Младите во акција “ е проект на ЦИВИКА МОБИЛИТАС АД ХОК Грантови, на Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и има за цел акција во урбана и рурална средина со партнерски граѓански организации наменети за поттикнување на вработување и самовработување преку подобрување на меѓуетничките односи и намалување на миграциите.
Соработници на Извиднички одред „ Димитар Влахов“ се Еколошко друштво „ Грин Пауер“ и Здружение „ Разбој“ Велес.
Целна група се млади на возраст од 18 до 29 години, млади од локалната средина Велес и Чашка како и институции на локално ниво и тоа ЕЛС Велес, ЕЛС Чашка, Агенција за вработување Работен Центар Велес, Агенција за поттикнување на равзојот на земјоделството РЕ Велес и дисперзирани канцеларии во Чашка.Со имплементацја на проектните активности имаме за цел зајакнување на влијанието на граѓанското општетсво во унапредување на условите за развој на вработувањето на маладите во Велес и Чашка преку партиципативна демократија, промоција и развој на младинско претприемништво, подобрување на условите за развој на претприемништвото кај младите од Велес и Чашка, активности на млади претпориемачи во соработка со бизнис секторот и локалната самоуправа, едукација на младите за јакнење на нивните капацитети за поттикнување и зголемување на нови основани и регистрирани мали бизниси.
Проектот има за цел надминување на клучното прашање и тоа обезбедување , разбирање и поттикнување на институциите од локалната самоуправа за заедничко зајакнување на влијанието на граѓанското општество преку поддршка на процесот на градење на доверба и препознатливост во локалните заедници, вклучување на младите во одлуки и можности за вработување на локално ниво. На Б2Б средбата , се оствари средба со ДООЕЛ „ САИВА “ Велес, Агронимекс Наслеба Чашка, Оранжерии Чашка, ДООЕЛ „ АЛЕНА“-Чашка, ДООЕЛ„ ЖИТО“, ПЗУ аптека „ АЦЕРОЛА“ , АГРОЈУНИКОМ, ТЕО АГРО, ТОПОЛКА 2000-Голозинци, АНЕ 2002-Чашка , ДАНИ Џота Населба Чашка.