Извидничкото движење претставено преку најстариот одред “Димитар Влахов“-Велес

izvidnici_3Веќе 62 години извидниците од одредот “Димитар Влахов“ од Велес, го шират извидништвото кое есента 1952 година проф. Петар Петровски го основа. Целта на формирањето на одредот и тогаш и денес е иста, да придонесува во развојот на младите луѓе во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални општествени и духовни можности. Денеска извидничкиот одред може да се пофали со млади извидници кои насекаде достоинствено го шират извидништвото.

„Давам чесен збор,дека ќе ја запознаам и сакам својата татковина Р.Македонија, дека ќе ја прифатам духовната реалност и ќе го барам нејзиното потполно значење, дека секогаш ќе им помагам на луѓето, дека ќе живеам и работам по извидничките закони“ е заклетвата на одредот Димитар Влахов.

Во извидништовото постојат неколку категории кои според возраста на членовите се категоризирани во развигори, помлади извидници и извиднички, извидници и извиднички и истражувачи извидници. Во текот на годината сите имаат повеќе активности кои го отсликуваат работењето на одредот.

Во тек е подготовката на „29те Извиднички средби“ и регатата „Гемиџии“ на која секоја година дел од членството на Димитар Влахов зема учество. Покрај овие, планирани се и низа активности од меѓународен карактер.

Активностите на извидниците најчесто се случуваат под отворено небо, во природа. За полесно да се ориентираат, тие користат различни предмети кој секој извидник мора да знае да ги употребува.Мисијатана Извидничкиот одред “Димитар Влахов” е да придонесе во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.

Старешинството и Советот на водачи и сите останата членови на одредот, им изразува голема благодарност на редакцијата на VelesTvOnline за успешната соработка

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.