Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ одликуван со најголемото општинско признание  Спомен Плакета 9ти Ноември

На 9.11.2024 год. (сабота) во големата сала на велешки Театар, се одржа Свечената академија на јубилејниот роденден на градот Велес. Во присуство на бројни гости, годинешното одбележување на јубилејот „80 години слободен Велес“ започна со изведбата на државната и химната на градот Велес од страна на Камерниот црковен хор „Свети Великомаченик Пантелејмон“.

Градоначалникот на Велес, Марко Колев во свеченото обраќање ги издвои реализираните проекти во изминатата година со коишто општината и Советот придонесуваат во неговиот комунален, инфраструктурен, спортски и културен развој.

Пред Градоначалникот Колев да им ги врачи наградите, присутните на свечената академија, ги слушнаа образложенијата зошто Комисијата за општествени дејности на Совет на Општина Велес годинава за што се добива наградата Спомен плакета на Општина Велес им беше врачена на директорот на Државен завод за ревизија – Максим Ацевски и на извидничкиот одред “Димитар Влахов“- Велес.

Деветоноемвриска благодарница им беше врачена на учесниците на XXIV “Вардарска регата Гемиџии 2024“ чиј организатор беше извидничкиот одред “Димитар ВЛахов“ кои од Велес пристигнаа по воден пат во Солун поточно на Ангелче Гушев, Владимир Ивановски, Трајче Перков, Теодор Ѓоргиев, Владимир Стојановски, Иван Гушев, Зоран Кимов, Александар Алексов, Александар Вренцовски, Горан Богоевски, Горан Здравковски, Даниел Јаневски, Миланчо Митревски, Стивен Бошевски, Александар Златаров, Виктор Миланов, Сашо Темелковски, Томе Шескокалов, Никола Аксентијев, Зоран Пановски, Предраг Игевски и Тони Јошевски.

Во чест на наградените, чии број годинава беше огромен, беше изведен концерт „Кондензиран воздив по тебе“ чиј автор е Темелко Андреевски и на кои настапија голем број на велешани, од хористи, играорци, музичари,пејачи и групи, кои изведоа девет преработки на познати композиции како и народни игри и познатото „Велешко рамно оро“.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.