На 12.11.2023 год. (недела) по повод 13 ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во организација на извидничкиот одред “Браќа Миладиновци“ од Скопје се организираше еднодневната извидничка акција “Извидниците за својот град“.
На оваа извидничка акција учество зема и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со една патрола во состав: Анѓела Митрева, Мартина Димовска, Емануела Теовска, Мелани Трајковска, Леона Цветковска , Катерина Гушева предводени од одредскиот началник Иван Гушев.
На оваа извидничка манифестација извидниците се натпреваруваа во следните активност: семафор, куглање, откривање на предизвик, тестови од повеќе области и квиз натпревари.
Женската патрола на велешкиот одред “Амигоси“ во конкуренција на дваесет екипи го освои петтото место.