Велешките извидници со освоено прво место на акцијата “Фениксија 2026“ во Прилеп

Во периодот од 29-31.05.2026 год. во црковниот локалитет Пресвета Богородидица во село Штавица, во близина на Прилеп пет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес земаа учество на акцијата “Фениксија” организирана од страна на извидничкиот одред “Феникс” од Прилеп.

На оваа акција покрај  нашите членови, учество земаа и  извидници учество од Скопје, Св. Николе, Битола и Кичево. Нашата одредска патрола го докажаа веќе големото знаење во областа на ориентација, топографија и тимска работа со што тие го освоија првото место во категорија постари извидници.

Екипата “TOPSI” беше составена од следните членови: Љупче Неделковски, Марија Стефановска , Тамара Димовска и Анастасија Давчева , а како нивен водач на акцијата беше нашиот началник Иван Гушев.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.