Велешките извидници за младинските прашања

Јавната трибина на тема ,,Младите се активно вклучени во донесувањто на одлуки за важни младински прашања", се одржа со  цел младите поактивно да се вклучуваат во организациите во градот,  да следат повеќе јавни и политички расправи, да се вклучуваат  и да учествуваат во решавањето на општинските проблеми. Младите јаденес го отворија и прашањето,  колку се слуша и почитува  нивниот глас во изнаоѓањето на решение на одредени теми.

„Се покрена дискусија околу вклучувањето на младите во решавањето на одредени прашања кои се од нивни интерес и можеме да видиме дека тие не се инертни ,туку напротив имаат свои ставови кои сакаат да ги наметнат", рече Диана Близнаковска, координатор на проектот ,, Младинско застапување за граѓански и политички права". Учество на оваа трибина покрај ученици од сите средни училишта и студентите од прва и втора година учество земаа и петмина извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес.  Младинскиот клуб при фондацијата Фокус ја има улогата на едукатор на младите кои во иднина преку дебатни манифестации и неформално образовани ке се обидат да го подигнат степенот на учество на младиот човек во одлучување за прашања кои се од нивно значење.
„Задоволни сме од тоа како се спроведува овој проект и можеме да кажеме дека и во иднина Фокус ќе се зафаќа со оваа проблематика се во корист и  интересите на младите", вели Дејан Ристов, координатор на Младинскиот клуб, при фондација Фокус.
 
 
Никола Аксентиев

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.