
„Се покрена дискусија околу вклучувањето на младите во решавањето на одредени прашања кои се од нивни интерес и можеме да видиме дека тие не се инертни ,туку напротив имаат свои ставови кои сакаат да ги наметнат", рече Диана Близнаковска, координатор на проектот ,, Младинско застапување за граѓански и политички права". Учество на оваа трибина покрај ученици од сите средни училишта и студентите од прва и втора година учество земаа и петмина извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес. Младинскиот клуб при фондацијата Фокус ја има улогата на едукатор на младите кои во иднина преку дебатни манифестации и неформално образовани ке се обидат да го подигнат степенот на учество на младиот човек во одлучување за прашања кои се од нивно значење.
„Задоволни сме од тоа како се спроведува овој проект и можеме да кажеме дека и во иднина Фокус ќе се зафаќа со оваа проблематика се во корист и интересите на младите", вели Дејан Ристов, координатор на Младинскиот клуб, при фондација Фокус.
Никола Аксентиев