Во организација на Сојуз на извидници на Македонија, дваесет извидници од Македонија учествуваат на интернационалниот камп со извидници од Франција и Германија . Кампот се организира во периодот од 7 до 15 август оваа година и тоа во извидничкиот центар Вестерное во близина на Франкфурт.
Се работи за тринационален камп со извидници Македонија, Франција и Германија и кампот е наречен – “здраво/hallo/sallut“. Камот ќе понуди осум дена исполнети со забава, дружење, извиднички активности и размена на култури. Во рамките на македонскиот континент е и Давид Темелковски член на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес