На конкурсот за избор на членови на управно тело на Извиднички центар Охрид, се пријавија осум извидници од осум извиднички одреди. Мегу кандидатите беше и старешината на ИО “Димитар Влахов“, м-р Ангелче Гушев.
Согласно направената евалуација на кандидатите, старешинството на 8мата седница на старешинството на СИМ го одбра управното тело на ИЦО во состав:
Ангелче Гушев
Александар Кекич
Зоран Шиљковски
Јане Илијески
Миќо Стојановски
Согласно правилникот на телото, по службена должност како членови на телото ќе бидат и директорот на ИЦО и член на старешинството.
Мандатот на управното тело е во времетраење од три години од денот на донесување на одлуката.