Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, реализирајќи ја својата програма за работа за 2012 година, ги организираше 27те Средби на извидници – Велес 2012.Средбите беа организирани во периодот од 5-7 октомври оваа година и беа од мегународен карактер. Логорот на овие средби беше стациониран на терените на манастирот Св.Илија, а стазата за ориентација беше организирана по терените на град Велес. Патролите учесници на овие средби движејки се по стазат за ориентација имаа можност да го запознаа град Велес и тоа црквата Св. Богородица, потоа куќите на Васил Главинов, ЈХК – Џинот, Касапови, црквата Св. Пантелејмон, Којник, Младинскиот парк.
На сите овие контролни точки извидниците учесници имаа задачи да реализираа определени активности како на пример: да нацртаат профил на терен, кроки, скица на контролна точка, да поминат минско поле и да нацртаат итинерер на минско поле, да напишат извештај на помината патека, да пренесат скриена порака,да нацртаат панорамска снимка, да решат тестови од извидништво, топографија, општа култура и прва помош и да сигнализираат со помош на семафор и морзе и да врзуваат десетина јазли. На овие средби учествуваа шеесетина извидници од република Македонија и Република Србија. Првото место го освои патролата на извидничкиот одред “Гоце Делчев“ од св.Николе, второто патролата на извидничкиот одред “Лукијан Мушицки“ од Темерин – Република Србија и третото место го освои патролата на извидничкиот одред “Јадран“ од Скопје. Домакинот на овие средби извидничкио одред “Димитра Влахов“ организираше и работна средба на постари извидници, се со цел да се започне со планирање на прославата “60 години извидничко движење во Велес, 60 години – МЛАДИ“., затоа што овие средби на извидници го означуваат почетокот на прославата повод 60 години извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес, односно роденденот на најстарата младинска организација во Велес и Македонија, затоа што почетоците на одредот датираат од далечната учебна 1952 – 1953 година. Средбите беа помогнати од Општина Велес.