Заедно за природата

На покана на г-ѓа Нина Маркова директорка на ООУ “Петре Поп Арсов“,  од Богомила, на 21.4.2012 год. (сабота), извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество на патрониот празник на училиштето кое се одржа во подрачното училиште во с. Извор. Манифестацијата се организираше под мотото “Заедно за природата“. Во рамките на програмата имаше и промоција на дневниот центар за лица со инвалидност кој треба да започне да работи  во нас. Чашка и дегустација на традиционална храна. На програмата од страна на  нашиот одред учество зема старешината Ангелче Гушев.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.