Во рамките на прослвата 60 години од постоењето на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес и денот на државноста на Република Македонија, старешинството на одредот на својата редовна седница одржана на 23.7.2013 год. (вторник) донесе одлука за организирање на XXVIII Средби на извидници. Средбите ќе се одржат во периодот од 7-9.9.2013 год. (сабота – понеделник) на терените на село Извор – Општина Чашка. Средбите ќе бидат со натпреварувачки карактер во областа на ориентацијата и топографијата на непознат терен, првата помош и сигнализацијата. Елаборат на средбите следи за десетина дена. Со извиднички поздрав ЗДРАВО до почетокот на средбите.