Завршија XXV Средби на извидници

Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес ги организираше  25 Средби на извидници Велес 2010, истите се одржаа во периодот од 14 до 16 мај 2010 год.во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоменото село. На овие средби учество земаа 120 извидници од следните извиднички одреди: ИПО Јадран, ИО ММ Брицо, ИПО Галеб и ОИ “Браќа Миладиновци“ од Скопје, ИО “Мирко Милески“ од Кичево,  ИО “Скаут“ Куманово, ИО “Наум Наумовски – Борче“ од Крива Паланка и гости од Република Србија и извидници од одредот домакин.  На средбите првото место го освои патролата на извидничко-поречанскиот одред “Јадран“, а второто и трето место им припадна на патролите од извидничкиот одред “Мирко Милески“ од Кичево. Овие средби за прв пат се организираа со друга тематика, ја исфрламе ориентацијата и топографијата,  а го внесовме дружењето и играта како метод на работа во традиционалниот скаутизам….  
Сакаме да истакнеме дека во периодот од 1975 до оваа 2010 година, успеавме да организираме 25 Средби на извидници, а кои што последните десет беа од меѓународен карактер.
25 Средби беа организирани со финасиска поддршка од страна на  Општина Велес и добиени донации локалниот бизнис сектор. 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.