Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес ја продолжува соработката со Мировниот корпус. Соработката продолжува со доаѓањето на волонтерот на Мировниот корпус, г-дин Даниел (Ден) Поликов, кој што од 23 јули ќе започне со работа и ќе остане повеќе од една година присутен во канцеларијата на нашиот одред. Со доагањето на волонтерот се зголемува капацитетот на канцеларијата на извиднидничкиот одред од Велес. Во првичните разговори со волонтерот и препоставените од Мировниот корпус планирано е да активностите на волонтерот се движат во насока на проектното работење, барањето можност за набавка на опрема, осовременување на извиднички центар “Голозинци“ во с. Голозинци и зголемување на капацитетите на членовите на извиднички одрд “Димитар Влахов“.