Волонтер во извиднички одред “Димитар Влахов“

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес ја продолжува соработката со Мировниот корпус. Соработката продолжува со доаѓањето на волонтерот на Мировниот корпус, г-дин Даниел (Ден) Поликов, кој што од 23 јули ќе започне со работа  и ќе остане  повеќе од една година присутен во канцеларијата на нашиот одред. Со доагањето на волонтерот се зголемува капацитетот на канцеларијата на извиднидничкиот одред од Велес.  Во првичните разговори со волонтерот и препоставените од Мировниот корпус планирано е да активностите на волонтерот се движат во насока на проектното работење, барањето можност за набавка на опрема, осовременување на извиднички центар “Голозинци“ во с. Голозинци  и зголемување на капацитетите на членовите на извиднички одрд “Димитар Влахов“.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.